Сумамед и Панцеф, најкористените лекови за време на пандемијата

За време на пандемијава, антибиотиците Сумамед и Панцеф беа најкористени лекови од страна на граѓаните. Исто така, граѓаните во овој период консумирале големи и неконтролирани количини на разни витамини и минерали. Од Фармацевтската комора на Македонија, велат дека имало чести случаи кога пациентите вршеле притисок врз лекарите да препишат антибиотска терапија, иако тоа, според лекарите, не било потребно.
Дел од анкетираните граѓани признаваат дека побарале од своите лекари да им препишат антибиотици, додека други велат дека дури и по препорака на докторот тие никогаш не земале антибиотици.
„Дали често пиете антибиотици? Не сум ни пробал досега и се надевам дека нема да пробам.
Меѓу лековите кои се на позитивната листа на Фондот за здравство, најпродавани се лековите за лекување на кардиоваскуларниот систем, оние за висок крвен притисок како и антибиотици. На Светскиот ден на фармацевтите, Фармацевтската комора ја критикуваше позитивната листа на лекови што ја пропишува Фондот за здравство. Современите и брендирани лекови, како резултат на не ажурирање на позитивната листа на лекови, граѓаните со години ги плаќаат од свој џеб.