Црвенковски во МАНУ: Македонија е корумприрана и длабоко поделена држава

Поранешниот премиер и претседател на државата (2004-2009), Бранко Црвенковски упати днеска апел до МАНУ, стопанските комори и граѓанските организации да почнат иницијатива за национална платформа која, како што рече, ќе ги дефинира клучните проблеми и цели на државата, со прецизни рокови за нивно надминување и сполнување и до која би се придржувале сите политички субјекти, независно од тоа дали се на власт или во опозиција.
Говорејжи на дебатата на МАНУ „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021“, Црвенковски го повика актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој беше советник во неговиот претседателски кабинет, како натпартиска фигура да покрене иницијатива за постигнување таква национална платформа, за која рече дека се сомнева дека би можеле да ја иницираат политичките партии, имајќи ги предвид нивните капацитети.
Овој апел на Црвенковски, во неговото прво појавување во јавноста по подолго време, следеше откако тој упати силна критика за состојбите во државата, посочувајќи, според него, три главни ограничувачки фактори за нејзината иднина и просперитет: Изразена корумпираност, длабока поделеност на општеството и голема задолженост.
„Македониа е корумпирана држава, а во корумпирана држава нема еднаквост пред закони, нема фер пазарна економија, нема квалитетно образовани, каде што дипломите се заслужуваат, а не се купуваат, нема ни квалитетно здравство, ниту довеба во институции. Во корумпирана држава нема доминантен систем на општествени вредности за да се исчекори напред. Второ, Македонија е внатрешно длабоко конфронтирана и поделена држава, во која партиите не се гледаат како конкуренти, туку како неприатели што треба да се уништат меѓу себе и во која не може да се постигне консензус за ниту едно битно прашање. И трето, Македонија е држава која живее на кредити, а кој живее на кредит, умира на рати. А, каде завршија парите од тие кредити – дали во инфраструктура, во подигање на квалитетот на јавното здравство…, Факт е дека голем дел од овие средства отидоа во апсолутно непродуктивни трошоци“, оцени Црвенковски.
Извор: 360 Степени