Заев: Администрацијата треба поефикасно да работи

Ефикасноста на администрацијата е проблем и тоа мора да биде во нашиот фокус, вели премиерот Зоран Заев коментирајќи го предлог-законот за администрацијата кој предвидува скратено работно време за администрацијата во петоците.
Заев вели дека ова било предизборно партиско ветување, но не е конечно решение.
„Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, а не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите, ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако до сите работници во приватниот и во јавниот сектор“, вели Заев.