ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Првиот академски час се одржа скоро на сите факултети

Првиот академски час се одржа скоро на сите факултети. Оваа година наставата ќе биде комбинирана, со физичко присуство и онлајн, во зависност од бројот на студенти во групите и спецификите на студиските програми.
Бруцошите не знаат како ќе се одвива годината. Сепак, нагласуваат дека и покрај поставениот модел, практичната настава не смее да страда.
Министерката за образование, Мила Царовска, на почетокот на новата академска година, информираше дека стипендиите од 18 илјади денари за природно-математичките науки го зголемиле интересот на матурантите за овој факултет.
Мелихате Рустеми