ВЕСТИЗДРАВСТВО

Само 35% од населението е целосно имунизирано со две дози против ковид

Модуларните болници и понатаму се активни, но работат со полупразен капацитет во некои градови. Сепак, вкупниот број хоспитализирани останува значителен, иако есенскиот бран помина. Според официјалните податоци, стапката на смртност кај невакцинираните достигна 85%, додека близу 80% од хоспитализираните се невакцинирани.

Advertisements

Како што се намалува интензитетот на заинтересираните за вакцинирање, така се зголемува бројот на оние кои се хоспитализирани и бараат медицинска помош од последиците од коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одби да одговори на прашања поврзани со пандемијата. Наместо тоа, ги повика здравите да станат дел од листата за донирање органи после смртта.

Во меѓувреме, бројот на вакцинирани во земјава достигна близу 800 илјади, а само 35% од населението е целосно имунизирано со две дози.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button