Случајот со заплената на 1,3 тони марихуана од пред година и нешто дополнително се заплетка

Случајот со запленетите 1.240 килограми марихуана во магацин во Бутел стигнал и до државниот обвинител. Обвинителството за органанизиран криминал и корупција реферирало и прецизирало зошто тие повеќе не се надлежни да го застапуваат предметот. Вештачењето на примерок од заплената марихуана покажала дека има многу ниско ниво на ТХЦ, а за ова, Обвинителството за организиран криминал и корупција има исказ и од Министерството за здравство, откако примерок бил испратен на проверка во референтна лабараторија во странство. Анализата покажала дека „марихуаната“ која помпезно ја заплени Бирото за јавна безбедност било семе кое всушност легално се продава во Франција и содржи многу ниско ниво на ТХЦ вредност, карактеристична за марихуаната.
Но, дисциплинска постапка за овој случај формирало и Вишото обвинителство. Треба да утврди дали евентуално постоела можност случајот да го води Обвинителството за организиран криминал и корупција за делото неовластено производство на дрога. Сега случајот е во скопското обвинителство кое обвинението го темели на фактот што фирмата „Каннатек“ од Скопје немала никаква лиценца за одгледување индустриски коноп за медицински цели.
Овој случај смени дури три обвинителства. Прво на случајот работеше кавадаречкото, па организиран криминал па сега скопското обвинителство. Бирото за јавна безбедност преку директорот Сашо Тасевски за уловот на полицијата се пофали пролетта 2020 – та година. МВР тврдеше дека преку три анализи утврдиле дека запленетите 1.240 килограми се марихуана со висок степен на присуство на ТХЦ. Сега обвинителството преку свое вештачење го докажува спротивното. Прво судење за овој случај е закажано дури за на пролет или точно две години од помпезната објава на МВР дека се запленети речиси 1,3 тони марихуана во магацин во Бутел, кој бил одгелдуван на 30 хектари во село Сопот, кавадаречко. За овој случај обвинети се две лица – жител на село Жилче, општина Јагуновце и израелски државјанин кого државава го бара преку замолница од Израел за да му се суди во земјава. Обвинета е и фирмата „Каннатек“. Судскиот процес треба да открие дали станувало збор за заплена на марихуана или индустриски коноп и како вештачењеата на две институции покжауваат различни резултати од анализа на ист примерок.
Bojan Stojnovski