„Движење Анти-коцкање“: Се зголемува бројот на новоотворени казина и други игри на среќа

Движењето „Анти-коцкање” од Тетово преку прес-конференција ја алармира јавноста дека иако било спречено отворање казино во градот со нивните активности, од друга страна биле отворени многу други такви објекти. Според нив, тоа дополнително ја влошило ситуацијата и сметаат дека дополнително се потценети како движење и општество воопшто.
– Го потсетуваме премиерот дека на состанокот вети дека ќе дејствува во согласност со земјите од регионот и нема да дозволи отворање на други објекти за коцкање, но се случи спротивното. Тие се размножија и очигледно погрешно го разбраа влезот на Република Северна Македонија во Европска Унија, при што го советуваме да не помисли дека големиот број коцкарски објекти ќе ни овозможат да станеме член на истата, истакна Џемал Абдиу од Движењето.
Од таму со повик до властите да се реагира.
– Движењето против коцкање, го повикува премиерот, министерот за финансии, лидерите на политичките субјекти да си стојат на зборот што ни го ветија, инаку ќе продолжиме да ги откриваме како главни виновници за настанатата ситуација и ги молиме да не бидат уценувани од страна на организаторите на тие игри и што е можно поскоро да ги усогласат своите ставови и да донесат закон кој ќе го заштити граѓанинот. Во спротивно ќе повикаме на граѓанска непослушност, бидејќи ќе сметаме дека на владата не и требаат плаќањата на граѓаните, бидејќи таа е финансирана од коцкањето, истакна Абдиу.
Движењето се залага објектите за игри на среќа да бидат надвор од населените места.