ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Финансиите на општина Тетово се катастрофални

Кандидатот за градоначалник на Тетово од Движењето Беса, Биљал Касами, зборуваше за даноците во оваа општина, при што рече дека нивото на плаќање данок во Тетово е на најниско ниво од сите општини во земјава. Тој во емисијата „Патот кон“ на Алсат оцени дека Тетово е во катастрофална ситуација во однос на финансиите и нагласи дека на оваа општина ѝ треба добар менаџер за да има стабилен буџет, наведува Алсат.

Advertisements

„Нивото на плаќање данок е на најниско ниво во сите општини во Северна Македонија. Значи, општина Тетово само во 2020 година, 11% од буџетот го наполнила од своите даночни приходи. Значи и тие 11% не ги реализирала со тоа што е планирано во 2020 година. Финансиите во општина Тетово се катастрофални. Тетово треба да има менаџер кој ќе знае како да управува со своите финансии и да има стабилен буџет“, рече Касами. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button