Двајца граѓани од Камерун се обиделе во Македонија да пуштаат во промет 1 милион фалсификувани евра

Полицијата заплени околу милион фалсификувани евра и уапси двајца државјани на Камерун, осомничени како фалсификатори. Тие патувале од Милано, додека синоќа биле запрени на скопскиот аеродром. При дополнителната контрола, парите биле пронајдени во нивниот багаж.
Исто така, кај второто лице биле пронајдени 2.072 парчиња хартија исечени со црна позадина во кои од двете страни биле испечатени делови од дизајнот на банкнотата од 50 евра, 1.321 такви парчиња со отпечатени делови од дизајн на банкнота од 100 евра, 247 парчиња со банкнота од 200 евра, 104 со дизајн на банкноти од 500 евра, една француска лична карта и камерунска патна исправа. Запленетите средства се предадени на Народната банка и Секторот за технички-криминал, кои заклучија дека копиите се имитација на банкноти од 50-100-200 и 500 евра изработени со професионална опрема. По сомнежите дека овие фалсификувани банкноти требало да бидат пуштени во промет кај нас, скопското обвинителство поднесе кривична пријава против двајцата државјани на Камерун.
Мефаил Исмаили