ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 100 барања за државјанство  од граѓани кои до независноста на Македонија живееле на нејзина територија

Над 100 барања за државјанство  од граѓани кои до независноста на Македонија живееле на нејзина територија. Овој број се однесува на периодот август-септември, односно по донесувањето на Законот за државјанство.

Advertisements

Министерство за внатрешни работи

„Министерството за внатрешни работи добилo вкупно 105 барања за државјанство преку членот 7 од Законот за државјанство.

Бројот на лица без државјанство кои живеат во Северна Македонија и чекаат да добијат државјанство преку натурализација е 10 пати поголем. Пратеникот Скендер Реџепи вели дека оваа бројка ја докажува важноста на законот.

„Апликациите се уште поголеми. Имаме информации дека нашите граѓани од Турција масовно се организираат за да ја вратат неправдата на оваа земја стара половина век. Сегашниот закон им дозволува да добијат државјанство во својата татковина.“

Наскоро ќе се формира центар за правна помош за барањата на граѓаните кои живеат во странство и бараат државјанство на Северна Македонија.

„Ќе направиме врска со одговорни луѓе од земјата за да не дозволиме злоупотреба на апликациите на граѓаните и да плаќаме вртоглави цени за лична корист на луѓето. Се мора да оди за доброто на граѓаните и во интерес на спроведување на законот.“

Граѓаните што живеат во Северна Македонија, кои го исполнуваат условот за да започнат постапка за добивање државјанство, повикувајќи се на најновиот закон, своите апликации треба да ги упатат до Секторот за внатрешни работи во нивното место на живеење. Законот за државјанство се материјализира по неколкумесечните блокади на Алијанса за Алабнците и Алтернатива во Собранието. Поради блокадите на македонската опозиција, Владата го достави предлогот со европска ѕвезда. Истиот беше усвоено на 29 јули.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button