ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови поројни дождови може да предизвикаат поплави

Дождот кој непрекинато паѓаше изминативе денови, не предизвикува опасност за изливање на поголемите реки. Хидролозите објаснуваат дека ваква можност за сега не постои, оти зад нас оставиме сушно лето и водостои под просекот. Врнежите ја хидрирале почвата со доволно количество влажност. Во западнот дел од земјава наврнале дури и по 80 литри на метар квадретен. Но, сепак најавите за нова седмица со врнежи, треба сериозно да се сфати, иако реките во моментов имаат капацитет да ги апсорбираат новите врнежи.

Advertisements

„Полека влегуваме во еден влажен период во кој се очекуваат нови врнежи од дожд. Треба да бидеме внимателни и секои наредни вакви големи количини на врнежи би претставувале голема опасност од поплавување. Да не заборавиме дека најголемите поплави во историјата до сега во 1962 – ра и во 1979 – та година се случени после едни вакви тивки врнежи од дожд кои што се вака не приметни во реките, но и тоа како се приметни за речните сливови во кои ја заситуваат земјата со влага“, рече м – р Атанас Угрински, хидролог.

Метеоролозите најавуваат врнежи идните денови, но и значително заладување. Денеска 20 литри дожд на метар квадратен се очекуваат во источните делови од земјата.

„Претпладне променливо облачно во среда со сончеви периоди. Меѓутоа веќе од пладне, а особено во ноќните часови кон четврток очекуваме повторно нови врнежи од дожд кои што ќе се интенвизираат и ќе продолжат во четврток. Во четврток поради спуштање на студена воздушна маса, постудена од оваа што ја имаме ќе имаме на планините особено во северозападните делови од земјата, врнежи од снег, а тоа значи дека температурите дополнително ќе опаднат“, вели Ленче Ризова, УХМР.

Управата за хидрометереолошки работи секојдневно го мери водостојот на реките и езерата. Податоците покажуваат зголемување на водостојот на реката Вардар во однос на вчера. Па така водостојот на најголемата река е зголемен за 33 сантиметри кај Јегуновце, пет сантиметри во Велес, а доека во Демир Капија нивото е зголемено за 22 сантиметри. На страната на УХМР, државава е во жолта фаза или состојбата со водотеците е потенцијално опасна и се предупредува на можни локални појави на излевања.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button