МАКЕДОНИЈА
Заев: Поделивме 50 милиони евра за раздолжување на општините

Според оствареното на локално ниво, нема подобри од нас, вели премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат. Запрашан зошто граѓаните би требало да веруваат на нивните ветувања Заев вели:
„Оваа влада е про – општините ориентирана. Не дека премиерот бил поранешен градоначалник, туку заради тоа што составот на владата, политиките и нивото на развој на државата нѐ доведе да размислуваме со огромна помош и поддршка кон општините. Ние сме единствена влада што поделила 50 милиони евра да ги раздолжи општините“, рече Заев.