ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Љубителите на Попова Шапка и зимава „ќе кинат нерви“ за паркинг

Иако сме сè уште во октомври од вчера на Попова Шапка снежните врнежи започнаа и сѐ уште продолжуваат. Значи, ќе имаме добра туристичка сезона на ова место. Но, колку институции се планираат за оваа туристичка сезона, какви инвестиции се направени досега и што се очекува да се направи за да имаме успешна година во однос на туризмот овде на Попова Шапка?

Advertisements

Немањето паркинг-простор ќе остане проблем. И покрај ветувањата сè уште нема решение ниту за оштетената инфраструктура.

„Паркирањето е долгогодишен проблем и бара долгорочни решенија. Минатата сезона се обидовме да најдеме решение со она што го направивме на еден начин за викенд куќите, најмалку два автобуса ќе сообраќаат на редовна линија од Тетово до Попова Шапка. Тоа ќе потрае повеќе денови од викендот за да нема револт и да се затвора сообраќајот“, рече Адем Авзиу, Директор на ЕЛЕМ ТУРС.

Угостителите велат дека се подготвени за туристичката сезона, но бараат редовно чистење на улиците.

„Во однос на нашите капацитети како угостители, подготвени сме како и секогаш и секоја година правиме капитални инвестиции. Би апелирал до властите да ги одржуваат патиштата чисти“,, вели Бесник Беќири Менаџер на хотел.

Граѓанскиот сектор постојано ја критикуваше негрижата на властите кон Попова Шапка. Според невладините организации, дивоградбите, немањето паркинг-места и недостигот на инфраструктура ги одвраќаат туристите од оваа туристичко место.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button