Повредените патници од превртениот автобус кај Битола, пуштени дома

Се преврте автобус со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола. Сообраќајката се случила утринава во близина на фабриката во индустриската зона „Жабени“, кога работниците со организиран превоз се враќале дома од третата смена. Повредени се петмина, возачот на автобусот и четворица патници. Тие побарале помош во Клиничката болница Битола, а лекарите констатирале лесни повреди и сите се пуштени на домашно лекување.
„Во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници“, наведоа од МВР.
Засега не се познати причините за незгодата. Инаку, во оваа фабрика, каде што се произведуваат кабли за автомобилската индустрија, работат над 5.500 лица.
Игор Стефановски