ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првиот ден од „Викендот без ДДВ“ без турканици

Понудата на домашни македонски производи е ограничен, Компјутерите се нудат со покачени цени

Полупразни трговски центри, мал избор на македонски производи, зголемени цени на ИТ опрема. Ова е првиот впечаток од старот на владината антикризна мерка „Викенд без ДДВ“. Екипата на Алсат  денеска беше во обиколка на неколку молови и делови од Скопје каде се продава техничка стока. Поголемиот дел од оние кои ги анкетиравме ни рекоа дека не се излезени да пазарат поради повратот на ДДВ.

Advertisements

Оние пак кои решија да ја искористат мерката беа заинтересирани за купување на ИТ опрема, но дел од нив излегоа разочарани од дуќаните.

„Катастрофа, поскапени се цените и нема залиха. Која цена се компјутерите? Од 40 нагоре. Нешто друго ќе искористите мебел гардероба? Не “

„Ние сме дојдени ИТ опрема да земеме, но доколку најдеме нешто македонски производ може да земеме и тоа. Зошто да не да ја искористиме промоцијата. “

„Ќе искористите нешто од викендов без ДДВ? НЕ. Зошто? Па не знам ќе разгледам. “

„Не баш, само разгледувам чисто заради потреба. Ми се расипа бојлерот инаку не сум поради викендот без ДДВ. “

„Нема баш македонски производи. “

Трговците за овој викенд очекуваа зголемен број на граѓани, но денеска тоа не беше така.

„Дојдени сте за викендот без ДДВ? Искрено да ти кажам не. “

„Овој викенд е послаб во однос на претходниот викенд.“

„Дојдени сте за викендот без ДДВ? Искрено да ти кажам не. “

Според надлежните и овој викенд граѓаните може да ја користат апликацијата „мој ДДВ“ и да продолжат со скенирање на сметките како тоа што го прават секојдневно

„Мерката Викенд без ДДВ нема да важи за оние граѓани кои не скенираат фискални сметки, односно ја немаат активирано апликацијата Мој ДДВ. Токму коментарите на овие граѓани е дека мерката е дискриминаторска. “

Единствено поголема гужва нашата камера забележа пред дуќани кои продаваат текстилни производи произведени во Македонија. Викендот без ДДВ ќе трае и во следниве два дена. Топлото време и стравот од пандемијата по се изгледа дека ги премисли граѓаните и наместо во трговските центри тие ги посетија парковите.

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button