ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕК – Стартот на преговорите останува блокиран и покрај напорите со Бугарија

Добрососедските односи се суштински дел од процесот на европска интеграција на Северна Македонија и придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворените билатерални прашања и наследства од минатото, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, објавен неодамна, при што акцентот во овој дел е ставен на односите со Бугарија и со Грција.

Advertisements

„За време на периодот на известување, фокусот беше ставен на надминување на билатералните односи со Бугарија, давајќи дополнителен поттик на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и напорите да се одблокира официјалниот почеток на пристапни преговори“, се вели во текстот.

Во документот се потсетува дека Северна Македонија назначи поранешен премиер како специјален пратеник за односите со Бугарија, како и тоа дека шефот на дипломатијата на Северна Македонија ја посети Софија во ноември 2020 и подоцна оствари и средби со своите бугарски колеги. Натаму се додава дека шефот на државата се сретна со бугарскиот претседател во мај 2021, а премиерот ја посети Софија во јуни 2021 со предлози за надминување на разликите.

И покрај напорите, официјалниот старт на почеток на преговорите, се уште останува блокиран, оценува Европската комисија во Извештајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button