ВМРО-ДПМНЕ: Полицајци договарале малтретирање на граѓани за изборната кампања

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинува, дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на граѓани за изборната кампања.
Од партијата велат дека била направена вибер група преку која организирано се вршеле притисоци.
„Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители“, истакна Ковачки на денешната прес-конференција.
Како што додате тој, информациите им биле доставени од загрижени полицајци, вработени во МВР, кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група.