ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ЕК: Пристапот до лекари-специјалисти во јавното здравство останува проблематичен

Европската комисија во последниот извештај за напредокот на земјава оценува дека здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои или одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство.

Advertisements

Во извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен.

„И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема“, наведува ЕК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button