Епидемиолози: „Задолжителна вакцинација за вработените во државните установи“

Задолжителната вакцинација за вработените во државните институции значително ќе го зголеми процентот на вакцинирани во земјава, оценуваат епидемиолозите. Според нив, од особено значење би била вакцинацијата на вработените во здравството и образованието кои работат со најчувствителните категории граѓани. Епидемиологот Александар Стојанов оценува дека треба да има казни за оние кои ќе одбијат вакцинација.
Институтот за јавно здравје е единствената институција каде што вработените се обврзани да се вакцинираат.
Институт за јавно здравје
„Од вкупно 210 вработени во Институтот за јавно здравје, 200 се вакцинирани со две дози. Четворица од 10-те невакцинирани вработени се имунизирани откако мерката стапи во сила минатата недела. Двајца вработени се на медицински одмор, додека 4 други направија тестови кога им беше побарана потврда за вакцинација.“
Комисијата за заразни болести и претходно расправаше за оваа мерка, но министерот за здравство Венко Филипче за АЛСАТ потврди дека во моментов немаат намера да изрекуваат ваква мерка.
Инаку, во Европа многу земји од септември одлучија дека вакцинацијата мора да биде задолжителна за одредени категории почнувајќи од лекарите. Дури и во некои соседни земји овие мерки се веќе во сила. Грција е една од нив, каде мора да се вакцинира и сиот персоналот вработен во домовите за нега на стари лица, во спротивно има казни. Албанија го услови секој предавач и студент да добие потврда за вакцинација, пред да започне наставата на универзитетите. Британските власти пак, објавија дека наскоро ќе стапи во сила задолжителната вакцинација на здравствените работници.
Vjollca Aliti