ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Во тек е етапна исплата на октомвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 26.10.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Advertisements

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.10.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.10.2021 година (четврток); 
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.10.2021 година (петок).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button