ЕК: Не се имплементирани повеќето лански препораки во врска со загадувањето

Да се подобри интерсекторската координација и да се зголемат финансиските ресурси со цел намалување на загадувањето на воздухот на локално и национално ниво, се наведува во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава. Се додава дека потребно е да се воспостави и регионален систем за менаџирање на отпад, но да се имплементира и Парискиот договор како и да се адаптира Стратегијата и законите со рамката на ЕУ 2030.
Европската унија промовира силна климатска акција, одржлив развој и заштита на животната средина. Европското законодавство содржи одредби кои се однесуваат на климатските промени, квалитетот на водата и воздухот, управување со отпадот, заштита на природата, индустриското загадување, хемикалиите, бучавата и цивилната заштита. Северна Македонија, според извештајот, има некое ниво на подготвеност во таа област.
„Лимитиран прогрес е постигнат во областа на зачувување на природата и климатските промени. Како и да е, имплементацијата во сите сектори останува загрижувачко прашање. Земјата е охрабрувана да истапи амбициозно кон Зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Повеќето од минатогодишните препораки не се имплементирани“, се истакнува во извештајот.