ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хоџа: Соработката на Беса со АА е за локалните избори

Шефот на Изборниот штаб и генерален секретар на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа, вели дека партијата останува на ставот дека е потребна соработка со Алијанса за Албанците за да може на овие локални избори да се победат кандидатите од ДУИ. Според него, легитимитетот за нова власт доаѓа од парламентарни избори, но дали како партија би поддржале ново парламентарно мнозинство, како што рече, ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните на политичката сцена по локалните избори.

Advertisements

– Ние остануваме цврсто на нашата определба за заедно со Алијанса за Албанците да ги победиме ДУИ во општините каде учествуваме во втор круг. Ова се локални избори, легитимитетот за парламентарни избори односно за нова влада доаѓа од парламентарни избори. Тоа останува на времето да видиме по изборите како ќе се одвиваат настаните и како ќе се движи политичката сцена потоа, рече Хоџа

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button