

Alsat
11.07.2020 19:05
Легендата на Англиската репрезентација, Џеки Чарлтон, почина на 85-годишна возраст по долго боледување. Како играч го носеше само дресот на Лидс Јунајтед и постави рекорд во одиграни натпревари, 773. Важеше за еден од најдобрите дефанизвци во историјата на Англија. Од фудбалот се повлече во 1973 година. Тој беше селектор и на ирската репрезентација, која за првпат ја однесе на ЕУРО натпреварувањата во 1988 година. Џеки Чарлтон остана на клупата на ирската фудбалска репрезентација се до 1996 година и ова беше неговото последно искуство како тренер.