Ковид 19, скринингот продолжува во училиштата

Во основното училиште „Михал Грамено“ во село Блаце, само тројца ученици биле тестирани во скринингот за ковид 19, од вкупно 110. Сите тројца се негативни. Други ученици кои не беа дел од скринингот бараат сите ученици да бидат вклучени.
„Многу добро помина, излезе негативно, многу сум среќна. Добро е да се тестираме за да знаеме дека немаме вирус.“
„Ќе се согласев да ме тестираат за да знам дали имам вирус или не за да не се шири вирусот. Ги почитуваме правилата, носиме маски, држиме дистанца“.
„Добро е да се тестираме за да знаеме дали имаме вирус. За да се заштитиме ставаме маски, ги миеме рацете, држиме дистанца. Последиците за луѓето со ковид 19 нè натераа да бидеме позаштитни.“
Одговорното лице на училиштето, Исуф Амати изјави дека состојбата со корона вирусот во ова училиште во моментов е стабилна.
„Немавме проблем со ковид 19, немаше ученици и куќи кои беа во изолација, немаше ниту во село, ниту дома, ниту колеги или ученици. Се почитуваат стопроценти мерките. Имаме маски, имаме средства за дезинфекција, ги имаме сите, ништо не недостасува“.
Скринингот или проверката дали е присутен ковид 19 кај учениците се врши во 364 основни и 109 средни училишта каде ќе бидат опфатени 8.178 ученици. Во Скопје веќе е направен скрининг во девет средни училишта каде сите резултати беа негативни, додека во основните скринингот се уште не е започнат.
Melihate Rustemi