ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ветува инвестиции во јавниот и приватниот сектор

Во следните пет години се планира да се инвестираат четири милијарди евра во јавни инвестиции, и дополнителни осум милијарди евра во приватниот сектор. Македонската економија од 2022 година до 2026 ќе бележи раст на БДП од пет проценти, а стапката на невработеност ќе се намали на 8,6 отсто. Ова се очекувањата на владините претставници според планот за забрзан економски раст.

Advertisements

„Во однос на имплементацијата на овој план се т.н заеднички вложувања преку механизмите за привлекување на инвестиции покрај јавните средства, исто така и приватниот сектор, меѓународните институции но и донаторските партнери. Планот ќе поддржи проекти во јавниот но и во приватниот сектор зелена економија, дигитализација, иновации, технолошки развој, човечки капитал и социјална кохезија.

За премиерот Зоран Заев со овој план јавниот долг ќе биде под 60 проценти во 2026 година а и ќе се намали буџетската дупка.

„Намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Поволните макро економски случувања ќе ги подобрат јавните финансии со намалување на јавниот долг под 60 проценти од БДП во 2026 година. Дополнително напорите за фискална консолидација  ќе се сведе на 2,2 проценти од БДП во 2026 година.“

Според Владата парите за реализација на овој план ќе се обезбедуваат преку подобра наплата на даноците, користење на грантови и средства од меѓународните фондови, но и издавање на зелени и развојни обврзници со цел инвестирање во овие области. Од Владата не одговорија конкретно колку и дали се планира државата дополнително да се задолжува.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button