ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голем пожар во центарот на Скопје, изгореа дел од веќе напуштените бараки на прекршочниот суд

Голем пожар во центарот на Скопје. Изгореа дел од веќе напуштените бараки на прекршочниот суд, во градскиот парк.

Advertisements

Пламенот брзо ги голташе старите бараки. Се ширеше и кон ресторанот „Томче Софка“. Но пожарникарите не дозволија огнот да го зафати хотелот од каде беа евакуирани и гостите во објектот. Нема повредени ниту жртви.

Командирот на против пожарната бригада Владимир Симоновски посочи дека пожарот го совладале со шест возила и 20 пожарникари. Дојавата за голем пожар пристигнала десет минути пред четири. Освен со сообраќајниот метеж со кои се соочила против пожарната екипа, пожарникарите се соочија и со друг проблем, недостаок на вода, оти не можеа да ги најдат хидрантите за вода.

„Тоа ние, тој проблем сме го кажале многу пати, дека хидрантската мрежа не ни е обележана точно, каде ние може да полниме вода. Знаете, сите живееме во Скопје и знаете дека околу 16 часот сообраќајот е поотежнат во градот и пристигнувањето беше проблематично. Кога најдовме дотур на вода кај министерство за земјоделие, лесно беше за натамошна реализација и завршување на пожарот“

Пламенот се ширел брзо, оти материјалот од бараките бил лесно запалив.

„Станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шперт плоча и хартија. Напуштена барака. Причини не може да утврдиме бидејќи и самите гледате дека од брзината на пожарот, бараката изгоре до крај а причинител можеме да кажеме дека се можеби бездомници кои живеат внатре или стара инсталација ако дошло до искрење и да дојде до палење“

Дел од бараките кои изгореа се во сопственост на Кривичниот суд.

Bojan Stojanovski

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button