МАКЕДОНИЈА

И оваа зима греење на јаглен

Еколошкиот штетник – јагленот и оваа грејна сезона се продава како „алва“. И покрај тоа што е штетен за животната средна, понуди за јаглен може да се најдат и на многу интернет-огласи. Приватни фирми го нудат за цена приближна колку онаа на дрвата, па дури и поевтина – од 9.500 до 15.000 денари за еден тон јаглен. Ако сте во Скопје ќе добиете и екстра третман – достава до дома.

Advertisements

„Ако ставате котел, котел на цврсти горива можете да користите и дрва и јаглен и брикети и сè. Со тоа порано сите 100% се грееја на јаглен. Цело Скопје на јаглен се грееше, зборам на времето. Додека не дојде гасот можеш да се грееш на што сакаш, на котел, на плин и на струја. Кога ќе дојде гас само го вадиш котелот, ставаш котел на гас и пламеник, а инсталацијата ти стои иста.“

Вдишувањето на согорен јаглен е штетно влијае врз здравјето на граѓаните.

„Тоа означува проблеми во пулмолошкиот и кардиоваскуларниот систем, односно појава на доста бронхитни, акутните фази на опструкции, секако ларингитите и сето она што може да биде како поинтензивно и потешко, а тоа е појавата на ХОБ и појавата астма и пнеувмониите.“-рече Ангелчо Андоновски, доктор.       

Јагленот е еден од главните причинители на загадувањето и на глобалното затоплување. Според податоците на невладините организации, 90% од домаќинствата воопшто немаат филтри кога согоруваат јаглен.

„Загревањето на домовите со јаглен сè уште останува горлив проблем и проблем кој се бутка под тепих, за којшто многу други држави како Полска на пример кои го виделе тој проблем и нашле решение, а тоа е донесување на Закон за забрана на загревање на домаќинствата со јаглен.“-изјави Елена Николовска, Еко – свест.

Инаку, според анализите, токму употребата на нееколошки горива при загревањето на домаќинствата е најголем причинител за загадувањето на воздухот во Македонија за време на зимските месеци. Потоа следуваат индустријата, сообраќајот и градежништвото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button