ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од полноќ се укинува ПЦР тестот за одење и доаѓање од Косово и Србија

Од полноќ, граѓаните на Македонија можат да патуваат во Косово и Србија без потреба од негативен ПЦР тест. Министерството за здравство на Косово за Алсат потврди дека според принципот на реципроцитет, патувањето за Косово ќе биде безусловно, додека истата мерка не се однесува на земјите со висок ризик.

Advertisements

 Министерство за здравство на Косово:

„Според принципот на реципроцитет, граѓаните од Република Северна Македонија можат да влезат во Косово без ПЦР – тест од понеделник. Исклучени од ова правило се земјите кои според листата на ЕЦДЦ се класифицирани како земји со висок ризик за ковид 19“

Вицепремиерот Артан Груби истакна дека владите на Косово и на Србија веќе изразија подготвеност да ги укинат бариерите поставени на границите заради пандемијата со ковид 19.

„Нашите граѓани ќе можат да патуваат во соседните земји, без потреба од ПЦР тест. Како што знаете, со Албанија можеме да ја преминеме границата и граѓаните на Албанија можат да дојдат кај нас без да покажат тест и се надевам дека ова ќе започне со Косово и Србија утре, бидејќи владите на тие земји беа позитивни за отворање на границите”-изјави Артан Груби- вицепремиер.

Премиерот Зоран Заев рече дека и покрај отворањето на границите, граѓаните треба да бидат внимателни и да патуваат само доколку е потребно.

По затворањето на границите пролетва поради пандемијата, повторното отворање беше условено бидејќи се влоши состојба со ковид 19. Единственото место каде што македонските граѓани можеа да патуваат без ПЦР тест беше Албанија, додека во Косово и Србија тестот беше неопходен дури и при транзит.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button