Шерифи: Меѓуетничките коалиции треба да продолжат, да има поделба на два блока

Во емисијата „Пат кон“, аналитичарот Исак Шерифи рече дека меѓуетничките коалиции вродиле со плод.
Тој нагласи дека очекува на 31 октомври да се види колку се конкретни овие коалиции, и додаде дека сега е време за доброто на граѓаните да се поделат само на два блока, пишува Алсат.
“Мислам дека меѓуетничките коалиции вродија со плод уште во првиот круг, но ексклузивно колку ќе биде конкретна оваа меѓуетничка коалиција ќе се види на 31 октомври каде ќе се заокружи овој изборен процес на локално ниво. Земајќи го во предвид првиот круг, мислам дека успеа, но сега вториот круг ќе ги конкретизира меѓуетничките коалиции и мислам дека овие коалиции треба да продолжат, особено на локално ниво, а зошто не и на централно ниво за граѓаните всушност да бидат поделени на два блока“, рече Шерифи./ Алсат.мк