ЕКОНОМИЈА
„Ист Гејт Мол“ официјално ги отвори вратите за посетители

Ист Гејт Мол денеска официјално ги отвори вратите за посетители. На површина од околу 160 илјади метри квадратни има 220 продавници во кои има над 600 брендови. Претставниците на Ист Гејт велат дека молот ќе биде срцето на Скопје бидејќи е оригинален, повеќенаменски и на ниво на европските метрополи.
„Ист Гејт Мол од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа за посетители од блиското соседство. Наша цел е да ја исполниме желбата на секого да биде дел од еден нов тип на шопинг и забавни содржини нешто што претставува вистинско освежување за скопјани, а истото ќе биде докажано во месеците коишто следат“, рече Игор Давков- Главен извршен директор на „Ист Гејт“.