ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пандемијата го зголеми интересот за мед, а му порасна и цената

Во центарот на Скопје денеска граѓаните можеа да застанат и да го разубават денот купувајќи мед од селските пчелари. На третиот саем, пчеларите велат дека цената годинава е повисока од лани, бидејќи количината е помала.

Advertisements

Јане Марков, претседател на Пчеларската федерација вели дека со почетокот на пандемијата медот уште повеќе се користи. Граѓаните, според него, на саемот имаат можност да видат која е разликата меѓу квалитетен и неквалитетен мед.

Пчеларската федерација бара Министерството за земјоделство дополнително да ги поддржи идните саеми.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button