Врховниот суд донесе пресуда во корист на „Епл“ во спорот околу видео играта „Фортнајт“

Највисокиот суд на Соединетите Американски Држави донесе одлука дека компанијата „Епл“ има право да ја блокира видео играта „Фортнајт“ на своите онлајн апликации.
Оваа пресуда на Врховниот суд на САД значи дека во догледна иднина, милиони играчи на „Fortnight“ кои пристапуваат на играта преку iPhone, iPad и други уреди на „Apple“ нема да можат да го преземат ажурирањето на видеоиграта, односно нема да имаат пристап до никакви подобрувања и нови содржини за играта, пренесува Си-Ен-Ен.
Компанијата производител, „Epic games“ го тужеше „Епл“ во август, откако го отстранија „Фортнајт“ од „Епл продавница“. Од друга страна, „Епл“ го обвини производителот за намерно кршење на договорот дозволувајќи им на играчите директно да плаќаат за трансакции поврзани со играта и да ја заобиколат исплатата на брокерските такси во онлајн продавниците.
Поради тој потег, „Apple“ не беше во можност да ги собере своите 30-процентни провизии од „Fortnight“, што беше причина компанијата да ја блокира оваа видео игра.