ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните избраа човечност наместо црни кампањи, рече Арсовска

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска на вечерашната прес конференција, прогласи победа и изрази благодарност до сите коишто ја препознале нејзината програма и што избрале да веруваат во човечноста.

„Не можам да изразам со зборови за тоа што сите вие Скопјани ја поддржавте мојата визија и ги поддржавте проектите коишто ги истакнав во оваа кампања. Но, пред сѐ, што одбравте да верувате на човечноста и што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години“, рече Арсовска.

Во моментов, по обработени околу 66% од избирачките места, Арсовска е во водство пред нејзиниот противкандидат од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник, Петре Шилегов, со околу 20 000 гласови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button