ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на премиерот

Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата.

Advertisements

Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднелаоставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останувана должност до изборот на нова Влада“.

Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Премиерот Зоран Заев и претседател на владејачката СДСМ вчера по поразот што го претрпе партијата на локалните избори на завршната прес-конференција по затворањето на гласачките места изјави дека поднесува оставка од двете функции.

– Ја преземам одговорноста за лошите резултати од овие избори, истакна Заев, честитајќи им на политичките опоненти на изборната победа.

Заев прес-конференцијата во седиштето на партијата не најави што понатаму, кој би го презел кормилото во партијата, ниту пак кој би ја презел челната позиција во Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button