ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе од 700 функционери не ја пријавиле имотната состојба до Антикорупциска

710 поранешни државни функционери не поднеле до Антикорупциска навремено податоци за својата имотна состојба по завршување на мандатот. Антикорупционерите при прочешлување на податоците од Службен весник, ги откриле овие функционери и утврдиле дека не го испочитувале законскиот рок од 30 дена да достават анкетен лист по престанокот на нивната функција. На овие избрани и именувани лица им се заканува парична казна.

Advertisements

„Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Државната комисија за спречување и судир на интереси и корупција, да се спроведе постапка за порамнување, односно да им се издаде прекршочен платен налог“, рече Билјана Ивановска претседател на ДКСК.

Антикорупционерите не кажаа конкретно имиња, кои се функционерите кои не го испочитувале Законот. Соопштија дека како ќе ги работат платните налози, така и ќе ги објавуваат лицата со име и презиме. Првите ќе бидат јавно соопштени следната недела, кога е закажана и нова седница на Антикорупциска.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button