ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОБСЕ/ОДИХР: Демократски избори, но со притисоци и купување гласови

ОДИХР вториот круг го оцени како демократски и мирен, но истакна голем број недостатоци во процесот и транспарентноста. Одлуките на ДИК, велат од меѓународната организација за следење на изборите, не се објавувале систематски, кампањата содржела реторика со која се напаѓаат главно кандидатите жени. Евидентирани се и инциденти, но тие биле изолирани. Најголемото време за рекламирање и државните средства одат кај најголемите партии, велат од ОДИХР, а тоа според нив создава нееднаков амбиент за помалите партии и независните кандидати. Некои од пречките во ефикасното функционирање на биометриските уреди за гласање се повторени и во вториот круг, иако ДИК презеде чекори за подобрување на процесот. ОДИХР инсистира на целосно нов, поусогласен и поедноставен Изборен законик.

Advertisements

„Како и во првиот круг добивме извештаи, од кои некои се документирани, за притисоци врз гласачите, вклучително и јавните службеници, да гласаат за одредени кандидати, како и притисок врз кандидатите. Ито така сме добиле информации за купување гласови. Некои истраги започнаа ден пред денот на изборите и за нив се уште се чека. Немаше политички реакции на овие обвинувања и беа преземени многу малку активности. Натпреварувачите во вториот круг требаше да достават финансиски извештаи за донации добиени ден пред вториот круг, но тие не беа објавени. Ова, заедно со недостатокот на извештаи од првиот круг, ја намалува транспарентноста“.

Alsat

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button