МАКЕДОНИЈА

Ковачки: Поднесе оставка за да не биде прифатена, на повидок уште една лага на Заев!

Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во неговата реакција се додава:

Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот. Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност.

СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите.

Заев е човек кој не држи до сопствениот збор.

Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев?

И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување? Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци? Доста е со поигрување со волјата на граѓаните. Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана.

Системот на Заев е поразен. Време е за промени, се наведува во соопштението на Ковачки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button