МАКЕДОНИЈА

Во скопско „BMW“ пронајдени 13 мигранти од Сирија

Mинистерството за внатрешни работи информира дека доцна синоќа биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија на автопатот Гевгелија–Скопје, во возило „BMW“ со скопски регистарски ознаки.

Advertisements

Како што информираат од МВР, ноќеска по полноќ полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци, бидејќи во возилото кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија.

Дополнуваат дека тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button