ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се бара оставка од Али Ахмети

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, бара оставка од претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Таравари во својот статус на ФБ напиша дека Ахмети треба да ја преземе одговорноста за загубата на ДУИ во Гостивар, бидејќи, како што пишува, изборите во оваа општина биле лична битка на лидерот на „интегративците“.

Advertisements

„Изборите во Гостивар за Ахмети беа лична работа која тој ја загуби. Мислам дека треба да ја преземе одговорноста што му припаѓа, да си поднесе оставка“, напиша Арбен Таравари на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button