Заев нема да ја претставува земјава на „Отворен Балкан“ во Белград, еве кој ќе оди наместо него

Наместо Зоран Заев македонската страна на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Белград, ќе ја претставува заменик претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.
Како што се додава во соопштението:
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, а потоа ќе биде одржана и прес-конференција.
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата, се наведува во соопштението.