ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случајот за ПОЖАРОТ во Тетово и понатаму во фаза на предистрага

Два месеца по пожарот во тетовската ковид болница во кој изгореа 14 луѓе, уште нема одговорност. Обвинителството и натаму случајот го води како предистрага. Единствената досега спомената причина е дека тој настанал поради продолжен кабел. Не е пристигнат ниту извештајот од германската Федерална криминалистичка полиција. Германските експерти на средината во септември направија увид во опожарената болница, а нивниот извештај премиерот Заев тогаш најавуваше дека ќе стигне за две недели.

Advertisements

„Се очекува во обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Република Германија. Откако ќе се приберат материјалните и вербални докази, обвинителите ќе ги разгледаат и анализираат, ќе биде утврдено дали и каде постои кривична одговорност, по што ќе биде донесена и одлука за натамошниот тек на постапката“, наведуваат од Обвинителството.

А, иако за после завршувањето на локалните избори и самиот премиер Заев најави нови директори на тетовската болница, засега тоа не се случи.

„…Јас очекувам во ноември месец по завршување на изборите, вториот круг завршува на 31 – ви октомври, да бидат поставени новите раководни лица“, велеше Заев.

Но и ден-денеска со Клиничката болница Тетово раководат двајцата директори во оставка, Флорин Бесими и Артан Етеми. Министерот за здравство, Венко Филипче, чија понудена оставка Заев не ја прифати, сè уште нема назначено нови. Инаку, Обвинителството за гонење организиран криминал ги истражува модуларните болници. Конкретно, ова обвинителство се интересира за начинот на нивната градба, но засега нема утврдено никакви неправилности.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button