ЕКОНОМИЈА

Истече рокот за поднесување понуди за јаглен наменет за РЕК Битола

Денеска во 16 часот истече рокот за поднесување понуди за јаглен наменет за РЕК Битола. Од ЕСМ за Алсат велат дека ќе остават уште еден ден, односно до утре да не стаса уште некоја понуда по пошта, па дури во четврток и официјално ќе соопштат колку понуди пристигнале на тендерот за набавка на јаглен за третиот блок од РЕК Битола. Државната компанија има потреба од близу 900 илјади тони јаглен  кој треба да се употреби за производство на електрична енергија. Пред две недели првиот тендер пропадна бидејќи компаниите не доставија доволна количина јаглен за битолската термоелектрана. Јаглен беше обезбеден само за ТЕЦ Осломеј кој е најавен дека ќе биде ставен во функција од 15 – ти ноември. Во однос на набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, надлежните велат дека владината криза ја одложила оваа набавка, а со тоа и активирање на електраната. Се очекува тоа да се случи во текот на следната недела.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button