Лекари: „Министерството за здравство да преземе итни мерки за масовна вакцинација“

Стапката на колективен имунитет против Ковид 19 веќе неколку месеци стагнира. Центрите за вакцинација се речиси празни. Неколкуте редици кои се создаваат се главно од оние кои доаѓаат да ја примат третата доза, додека за првата интересот не се зголемува веќе со месеци. На дневна основа низ државава со прва доза во просек се вакцинираат помалку од 1.000 граѓани. АЛСАТ го посети пунктот за вакцинација во поликлиниката Драчево кој опфаќа повеќе населби во општина Кисела Вода. Лекарите повикуваат на вакцинација, велејќи дека има доволно вакцини.
„За првата доза можеме да кажеме дека не сме многу задоволни. Бројот за првата доза неодамна се намали. И во Драчево имаме Фајзер, а сите што сакаа да се вакцинираат со Фајзер отидоа по други центри, сега ги имаме овде и слободно можат да дојдат, апелираме до пациентите од овој крај, општина Студеничани, Зелениково и Драчево да доаѓаат затоа што имаме и Фајзер било за прва, втора или трета доза. Барем за есенската сезона каде што нè очекува сезонски грип, можеби други болести за есенската сезона, ќе треба да има поширока кампања, можеби ова е вистинскиот момент.“
Најголем дел од граѓаните кои ги сретнавме примаа трета доза.
Малкумина ги сретнавме кои беа дојдени за првата доза.
АЛСАТ праша во Министерството за здравство дали планираат да преземат мерки за поттикнување на граѓаните да се вакцинираат, но одговор не добивме. Досега само 35% од целото население ни е вакцинирано. За да се постигне колективен имунитет неопходна е вакцинација на 85%.
Vjollca Aliti