МАКЕДОНИЈА

Пендаровски се сретна со Бајден на Самитот во Глазгов

Претседателот Стево Пендаровски го искористи самитот за климата во Глазгов, Шкотска, за да се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

Advertisements

Амбасадата на САД во земјава на Твитер објави фотографија од Пендаровски со Бајден.

„Покрај Самитот за климата во Глазгов, претседателот Џо Бајден имаше кратка средба со претседателот Стево Пендаровски“, пишуваат од американската амбасада.

Повеќе од 100 глобални лидери, кои присуствуваат на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, Шкотска, потпишаа ветување за стопирање и откажување на уништувањето на шумите до 2030 година.

Заедничката декларација беше потпишана за време на разговорите за климата, познати како COP26, од страна на лидерите на земјите кои колективно сочинуваат 85 отсто од светските шуми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button