ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Масовно угинување на школки на брегот на Дебарско Езеро

Последните денови брегот на Дебарското Езеро има илјадници угинати школки, кои, според концесионерот за рекреација и спортски риболов на Дебарското Езеро здружението „Трофта“, се предизвикани поради ниското ниво на водата на езерото. Оваа појава е присутна на над пет километри од брегот на езерото, велат истите извори, пренесува РСЕ.

Advertisements

Претседателот на здружението на спортските риболовци „Трофта“, во Дебар, Дритан Боцку, за Радио Слободна Европа изјавил дека оваа појава е мошне загрижувачка, бидејќи говори за штетите што поради минимумот на водата во езерото се нанесуваат на флората и фауната во Дебарското Езеро.

„Максималното намалување на водата во езерото ја зголемува температурата на водата по што се појавува и големиот помор – угинување на школките“, вели Боцку.

Концесионерот, според него, за оваа појава ги има информирано и ЕЛЕМ и хидроцентралата Шпилје од каде е добиен одговор дека минимумот на водата се запазува.

Масовното угинување на школката во Дебарското Езеро според еколошките здруженија во Дебар наголемо ги загрижува сите дебарчани, бидејќи флората и фауната во езерото и целиот еко систем се нарушени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button