МАКЕДОНИЈА
Бислимовски: Струја на пазарот има, но таа е поскапа

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека кризата којашто во моментов се појавува во регионов и во Европа не е енергетска туку финансиска. Односно дека нема недостаток од енергија, туку енергијата се продава по повисока цена.
„Оваа криза е пред сѐ ценовна криза, затоа што дојде до нагло растење на цените на електричната енергија, пред сѐ во земјите членки на ЕУ и понатаму се прошири и во нашиот регион. И сега, енергија сѐ уште има и може да се најде на пазарот, но таа е поскапа. Поради тоа и МЕПСО е соочен со поголеми трошоци“, рече Бислимовски.