МАКЕДОНИЈА

„Советниците на ДУИ и на СДСМ ќе бидат следното мнозинство на Советот на општина Дебар“

Локалните лидери на огранокот на ДУИ, Артин Спахиу и на организацијата на СДСМ, Азем Фејзоски, со членови на раководствата, ја одржаа првата средба по првиот круг од локалните избори, на која присуствуваа и кандидатот за градоначалник Хекуран Дука и новите советници на двете партии.

Advertisements

– На средбата разговаравме за многу прашања поврзани со вториот круг од изборите, но пред сè заеднички одлучивме нашата соработка да биде долгорочна на локално ниво. Се договоривме заедно да го создадеме потребното мнозинство во Советот на општината за следните четири години. Шестмината советници на ДУИ и двајцата на СДСМ ќе бидат следното мнозинство на општинскиот совет во Дебар и ќе бидат силниот глас на сите граѓани, изјави Спахиу за МИА.

Додава дека заеднички став е дека ќе бидат, безрезервни поддржувачи на сите иницијативи кои доаѓаат од поединци, бизниси, интересни групи, било да се урбанистички планови, развојни проекти, програми за вработување и други иницијативи насочени кон севкупниот развој на Дебар.

Исто така се согласиле дека ќе бидат бескомпромисни против попречувањето и неспроведувањето на иницијативи кои би му наштетиле на општиот граѓански интерес.

– Убедени сме дека поддршката што ни ја дадоа членовите и симпатизерите на СДСМ и договорот за мнозинство во општинскиот совет, ќе биде придружена со силната поддршка на 14 ноември за нашиот кандидат за градоначалник, Хекуран Дука, за да заедно продолжиме во реализација на нашата заедничка програма и визија за подобар и поразвиен Дебар, посочува тој.

По првиот изборен круг и повтореното гласање во едно гласачко место, не беше избран градоначалник, додека освен ДУИ и СДСМ, во 15-члениот совет пет советници има Алијанса за Албанците-Алтернатива и двајца ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа општина втор круг на гласање ќе биде спроведен на 14 ноември, а трката ќе се води меѓу Хекуран Дука од ДУИ, поддржан од СДСМ и Беким Поцеста, од Алијанса за Албанците-Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button