МАКЕДОНИЈА

Струга остана без центар за земање брисеви за корона

Граѓаните на Струга и струшко кои треба да прават корона-тетс повеќе не можат тоа да го сторат во Струга. Мора да одат во Охрид. Сопственикот на објектот каде тој бил сместен им рекол на лекарите да ги напуштат просториите.

Advertisements

„Имаше просторија во старата дирекција на Проаква, меѓутоа се испостави дека тоа се приватни простории и сопственикот едноставно нè избрка односно не сакаше да се земат материјали за Ковид…“

Но, сопственикот на објектот, Усеин Рамо, каде околу четири месеци функционираше ковид-пунктот, за Алсат го тврди спротивното. Тој вели дека дозволил просториите да се користат три месеци бесплатно, но откако им побарал кирија за наредниот период, медицинскиот персонал си заминал. Во моментов, Министерството за здравство бара нова локација. Епидемиолозите тврдат дека Струга е критично подрачје, а причината за големиот број смртни случаи била следнава:

„Прво тие доаѓаа касно. Не со појавата на првите симптоми, се обидуваа сами да се лечат дома. Матичните лекари им помагаа, им даваат антибиотици, но одбиваат, посебно од струшките села, одбиваа навреме да дојдат и да се лекуваат и кога ќе се јавуваа на лекар, веќе се во крајна фаза. Затоа имаме и многу смртни случаи.“

Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, каде нема инфективно одделение вели дека на интерното одделение во моментов има 15 пациенти, сомнителни или потврдени со Ковид. Брисевите кои тие ги земале од нив, за анализи ги праќале во МАНУ.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button