МАКЕДОНИЈА
Денеска 177 нови заболени со корона, 5 починати, 107 оздравени

Во последните 24 часа се регистрирани 177 нови случаи на Ковид-19 од извршени 778 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје-96, Тетово-19, Кочани-10, Струмица-8. Во истото деноноќие во болнички услови починати се пет лица – и тоа пациент од Тетово на 67-годишна возраст, пациент од Струмица на возраст од 87 години, еден од Крива Паланка на возраст од 68 години и двајца пациенти од Кочани на возраст од 70 и 73 години. Институтот за јавно здравје денеска регистрираше 107 оздравени пациенти. Од почетокот на епидемијата во земјава се потврдени 21.113 случаи, а починаа 797 заболени.