Четири дена по вториот круг од изборите и објавувањето на оставката, Зоран Заев се уште не се појавува во јавноста

Додека премиерот Зоран Заев продолжува да не се појавува во јавноста, имињата на можниот наследник продолжуваат да висат во Владата и во СДСМ. Денеска официјално го прашавме СДСМ, каква е процедурата за оставка на Заев од функцијата претседател на партијата и шеф на извршната власт. Социјалдемократите признаа дека внатре во партијата се работи на нејзино реорганизирање, но без да дадат конкретни имиња, иако некои имиња се вртата во јавноста.
СДСМ
„Партиските органи заедно со претседателот работат на решенија и одлуки со кои СДСМ ќе се реорганизира со единствена цел, да му служи на својот народ на најдобар можен начин и секако да остане раководна партија во парламентарното мнозинство кое го задржува во живот реформскиот процес и прогресивниот курс на земјата“
Имињата не ги потврдуваат ниту коалициските партнери. На прашањето дали Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, е прифатливо име за ДУИ за премиер, не добивме никаков одговор од партијата на Али Ахмети. Од таму велат дека се очекува средба меѓу Заев и Ахмети. Од друга страна, од Беса, која е дел од предизборната коалиција „Можеме“, изјавија дека до предлогот кој би бил мандатар, нема да коментираат шпекулации.
Движење Беса
„Не можеме да даваме ставови засновани на шпекулации. Во рок од неколку дена ќе има конкретен предлог за кандидат кој однапред ќе биде договорен од коалиционите партнери. Затоа, нашиот став ќе го соопштиме јавно по завршувањето на фазата на консултации.“
Дали Николовски или Никола Димитров ќе биде наследник на Заев во извршната власт, нема информации ниту од Нова социјалдемократска партија. Од оваа партија, која е дел од владејачката коалиција велат дека досега не дознале конкретно име за мандатар. Либерално – демократската партија во неколку јавни настапи изјави дека ќе има нов кандидат, но без да го споменат неговото име. Димитров и Николовски се меѓу најспоменуваните имиња во јавноста како можни наследници на Заев во извршната власт.
Adrian Kerimi